В ПОНЕДЕЛНИК 57. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

  

На 30.06.2025 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 57. Седница на Советот на Општината. На днвен ред на седницата се следниве точки:

                                                                                                                                      

1. Заклучок за давање согласност на Одлука за изменa и дополнување на Програмата за одржување на чистотата и зеленилото на јавните површинина територијата на Општина Аеродром за 2025 година.

2.Предлог-одлука за доделување еднократен паричен надоместок на семејствата со прваче во учебната 2025/2026 година на подрачјето на Општина Аеродром.

3. Предлог-одлука за давање согласност на Правилник за именување на Правилникот за внатрешна организација на работните места и Правилник за именување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈДГОА „Срничка“ – Општина Аеродром, Скопје.

4.   Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 790/11, КО Кисела Вода 2).

5.  Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 790/1, КО Кисела Вода 2).

6. Предлог-одлука за давање согласност за кофинансирање на проектот „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3)“

7.  Предлог-одлука за давање на привремено користење на дел од недвижна ствар на Карате клубот „ОЛИМПИК“ – Скопје.

8. Предлог-одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства на основноучилиште на територијата на Општина Аеродром.

9.     Советнички прашања.

 

 

23.6.2025 година

Општина Аеродром

 

 

Актуелно

img
img img

Видео