Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот ресторан „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект.
Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не беше направено. Поради тоа, на терен излегоа комуналните екипи на Општината.
По уредувањето, Јавното претпријатие ќе достави фактура до сопствениците со износот за извршените работи.
Општина Аеродром останува посветена на чиста, безбедна и уредна средина и ќе продолжи решително да реагира секаде каде што сопствениците не постапуваат согласно со законските обврски.
19.11.2025 година
Општина Аеродром
10-12-25
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска извршија увид во градежните активности за целосна реконструкција и уредување на првиот мултифункционален центар во Ново Лисиче.